Што се случува кога Вашите ученици нема да обезбедат стажантство? Саут Ист Риџнл Колеџ (SERC) се одлучни да им помогнат на учениците да се здобијат со работно искуство и да развијат дополнителни вештини подготвувајќи ги за светот на работа. Дознајте како овој колеџ од Северна Ирска се справил со овој проблем така што нивните ученици сè уште имаат можност да бидат вклучени во опкружување на вистинска компанија, па дури и да водат нивна сопствена конференција.

СИРК Вуд (SERC Wood) – СИРК компанија на ученици (SERC Student Company)                                                     

Која била целта на компанијата?

SERC Wood е основана во март 2013 година за да им помогне на учениците да ги развијат своите бизнис вештини и да ја применат стекнатата столарска обука од нивната квалификација, со цел да ги подготват за вистинскиот свет на работа.   

Била иницирана од четворица ученици од трета година која работела на здобивање на завршната Диплома за столарија Ниво 3. Овие ученици имале завршено две години од програмата „Обука за успех‟, но не биле успешни во добивање стажантство.

Нивниот тутор сакал учениците да ги развијат своите бизнис вештини со цел да ја применат стекнатата столарска обука од нивната квалификација и да ги подготви за светот на работа. Ова им дало можност на учениците да добијат искуство во управување со вистинска компанија.

Нивните производи биле направени од рециклирано дрво кое било користено за цели на практична обука во одделот за столарија. Во оперативниот дел на компанијата, учениците требале да работат како тим во дизајнот на производството, во самото производство и во контролата на квалитет.

Кои биле резултатите од проектот?

Учениците започнале да дизајнираат дрвени жардиниери и жардиниери за прозорци за да се подготват за Саемот на трговија во Даунпатрик каде сакале да ги изложат своите производи. Осмислиле и еден вид лотарија, а  наградата била жардиниера за прозорци. Вештините кои успеале да ги покажат се: 

  • вештини за комуникација - Тие требале да им пријдат на луѓето и да ги прашаат дали би сакале да купат карти за лотаријата.    
  • вештини за соработка - Луѓето им приоѓале за да ги прашаат за нивните производи. Требале да бидат способни да разговараат со нив и да одговорат на прашањата.   
  • вештини за тимска работа - Требале да работат како тим за да ги дизајнираат производите и да бидат сигирни дека секој член од тимот ја изведува својата задача. 
  • вештини на слушање - Да слушнат што сака клиентот и да се способни да одговорат на соодветен начин.     
  • вештини за организација - Да се осигурат дека ги имаат направено сите подготовки за Саемот за трговија и да знаат кој што треба да прави во вистинското време, како и да внимаваат тезгата да ги привлече луѓето да им пријдат и да разговараат со нив.     
  • вештини на претставување - Учениците требале да бидат добро облечени и уредни. 

Саемот за трговија се покажа како искуство за учениците од кое може да се научи бидејќи тие требале да покажат доверба во производот што го нудат и да обезбедат продажба. Учениците добиле седум нарачки и имало добар интерес од страна на членови на персоналот на SERC со што тие ги охрабриле учениците да учествуваат и на други настани.   

Комерцијалниот ментор на SERC на учениците им одржа обука за грижа за корисниците пред почетокот на Саемот за трговија за да биде сигурен дека учениците секогаш ќе имаат задоволен клиент кога ќе се склучи зделката. 

Учениците исто така имале можност да подготват краток бизнис план што им дало искуство за тоа какви информации се потребни доколку сериозно размислуваат да продолжат со „Започнување на сопствен бизнис‟ во иднина. 

Конференција предводена од ученици

Конференцијата за Унапредување на науката и технологијата (КУНТ), како и Конференцијата за унапредување на професионалните студии (КУПС) ги охрабруваат сите редовни ученици кои биле дел од индустриски или стручни проекти, да ги споделат своите сознанија од своето искуство со врсниците и персоналот.

На крајот на мај 2016 година, учениците од производственото и електронското инженерство, наука, изведбени уметности, компјутери и терапии за убавина имале презентации на годишните конференции.

Главните цели од учеството на учениците се да:                                                                                                                      

  • обезбедат можност да ги споделат најдобрите практики во индустриските и стручните проекти ширум училиштата                                                                                                                                                                              
  • развијат вештини за учениците од повисоки нивоа, како и вештини за вработливост                                                     
  • ја охрабрат употребата на тековни проекти со цел да се подобрат истражувачките вештини на учениците                                                                                                                  
  • ги подготват учениците за презентации на надворешни натпревари  

Дали во тимови или индивидуално, од учениците се бара да обезбедат десет минутна видео презентација за концептуалните цели, методологијата, резултатите од истражувањето и заклучоците од проектот.   

Улогата на ученикот е да го презентира проектот, да учествува во дискусијата со панелистите, да ги слушне преостанатите презентации од групата во врска проектот и потоа да даде повратни информации. 

Развојот на преносливите вештини преку стручно значајни предмети во „Театарската група стаклен чадор‟ и „Мојот радио проект‟ беше прецизно проценет, јасно покажувајќи како овие наставни планови го истакнуваат SERC како тело водено од извонредност и како им помага на учениците да „Станат подобри‟.

Саут Ист Риџнл Колеџ е колеџ за понатамошно образование основан во Северна Ирска и нуди привремени и редовни курсеви. Можете да дознаете повеќе за нивните проекти и за самиот колеџ на нивната веб-страница.