LinkedIn е најголемата светска професионална мрежа со стотици милиони членови кои професионално се поврзуваат ширум светот. Абингтон & Витни Колеџот ги даваат нивните 10 најзначајни причини зошто LinkedIn може да биде клучен за секој ученик

LinkedIn може да се користи како:

  1. алатка за учење - Им овозможува на учениците да дознаат за различни бизниси, нивните вработени и кариерите кои се нудат во тие компании.
  2. лична мрежа за кариера - Им овозможува на учениците да се поврзат со бизнис професионалци, да бидат отворени за можности на работното место и да ги подобрат нивните идни економски прилики.
  3. алатка за истражување - Им дава на учениците можност да го истражуваат понатамошното образование и да видат каде сега работат поранешните ученици, на тој начин развивајќи ги нивните сопствени аспирации.
  4. алатка за CV - Им помага на учениците да развијат онлајн CV и на тој начин да бидат способни да се претстават себе си на професионален и доследен начин пред идните работодавачи.
  5. алатка за барање работа - Каде учениците може да го зачуваат она што го пребарувале и потоа да добијат известување за идните слободни работни места врз основа на нивните лични склоности.
  6. алатка за откривање - Им овозможува на учениците да читаат написи напишани од познати „влијателни лица‟ кои бесплатно ќе им дадат бизнис знаење и вештини, подготвувајќи ги за светот на работа. 
  7. алатка за вмрежување - Преку вклучување во индустриски одредени групи и преку комуницирање со професионалци-истомисленици, тие ќе добијат одговори на нивните прашања.
  8. алатка за развивање вештини - Им овозможува на учениците да научат како да комуницираат со бизнис професионалци и како да го развиваат својот бизнис бонтон.
  9. алатка за пребарување - Им дава на учениците можност да ги најдат вистинските компании и луѓе со кои сакаат да бидат поврзани со цел да го прошират нивниот домен и да добијат пристап до оние кои носат одлуки. 
  10. безбедна средина - Каде учениците може да истражуваат и откријат како да ја развијат нивната лична кариерна мрежа со цел да отскокнат од толпата.

 

Дополнителни страници