Секој месец ви нудиме практични материјали и линкови до интересни, корисни ресурси и написи.

Луишам Саутарк Колеџ

Луишам Саутарк Колеџ Луишам Саутарк Колеџ се здружија со JISC (непрофитна британска организација на секторите за високо образование, натамошно образование и вештини за дигитални услуги и решенија) за да создадат разновидна, интересна содржина за учење како поддршка за техничките театарски практиканти од второ ниво за БТЕЦ (БТЕЦ значи стручна квалификација на Советот за бизнис и технолошко образование). 

Ресурсите ги покриваат единиците 1 и 9 од курсот и се мешавина од активности, видеа и квизови со самооценување.

Кликнете тука за да ги симнете пакетите.

Луишам Саутарк Колеџ ги создаде овие ресурси за практикантите во техничката театарска област на креативните студии кои ги учат стручните вештини како дел од праксата и доаѓаат на колеџот еден ден неделно за да се стекнат со технички сертификат.

Врски меѓу иновациите во индустријата и Стручното образование и обука (СОО)

Врски меѓу иновациите во индустријата и Стручното образование и обука (СОО)

North East Surrey College of Technology (NESCOT) неодамна одржа презентација на конференцијата  „Вештини за цел живот - кон идно СОО“ на ЕУ 2016 . Нивната презентација, „Врски меѓу иновациите во индустријата и СОО“ може целосно да се симне подолу, заедно со дополнителните, оригинални белешки за презентацијата, доколку сакате да научите нешто повеќе за тоа како NESCOT пристапиле кон јазот во вештини и што научиле.