Секој месец Ви овозможуваме практични материјали и линкови до интересни и корисни ресурси и текстови. Проверувајте редовно што има ново! 

РЕСУРСИ НА ФОНДАЦИЈАТА ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И ОБУКА 

Фондацијата за образование и обука љубезно се согласи да го сподели она што го има со нас. Сега можете да се регистрирате на нивните интернет страници (Excellence Gateway и FoundationOnline) и ќе имате бесплатен пристап до огромен број информативни и материјали за обука. 

http://www.excellencegateway.org.uk/ 

http://www.foundationonline.org.uk/ 

ШТО ВЕЛАТ УЧЕНИЦИТЕ

Еден текст кој би можел да Ви биде од корист на Excellence Gateway е оној од „Liverpool community College“ со кој се предлага нов, иновативен пристап во тоа да се слушне гласот на учениците и да се има поточен повратен одговор од нив. 

Хероу Колеџот исто така дава одличен пример за тоа што велат учениците во најновиот број на списанието, преку разговорот со студентката Роши Рагвани.

МАТЕРИЈАЛИ ЗА НАСТАВНИЦИТЕ ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК

За оние кои се заинтересирани за настава по англиски јазик, можеби ќе Ве интересира да ги видите овие материјали кои ги изготви нашиот тим во Албанија, заедно со MASH. Се однесуваат на изготвување на наставна програма по англиски јазик за училиштата по информатичко-комуникациски технологии и нејзино усогласување со барањата на пазарна економија.