Секој месец ќе се запознаеме со размислувања на наставници, предавачи и многу други лица вклучени во стручното образование и обука во Западен Балкан. Овој месец ќе се запознаеме со стручната наставничка Меџиде која е подготвена да учи, да развива вештини и да споделува искуства со колегите од Западен Балкан и Обединетото Кралство: 

Од причина што го имаме најмладото население во Европа, за нас е важно да имаме вешти и вработливи млади лица. Затоа за нас императив претставуваат соработката и односите помеѓу давателите на стручно образование и обука и работодавачите. Во моментов главен предизвик е фактот што не постои јасна стратегија за соработка помеѓу давателите на стручно образование и обука и работодавачите. Досега сме имале вакви договори за соработка исклучиво поради добрата волја која ја покажале некои фирми за да им помогнат на младите ученици да се стекнат со одредено работно искуство додека учат. 

– Меџиде Чолаку, стручен наставник, СУ „Имер Призрени“, Косово. 

Најголем предизвик за мене беше да најдам начин како да ја зголемам мотивацијата кај учениците за учење и како тие можат да напредуваат во професијата. 

–Братислав Пејиќ, професор за агенциски и хотелски бизнис, училиште за трговија и угостителство во Лесковац, Србија. 

Најголем предизвик со кој се соочувам е воспоставувањето добра соработка помеѓу училиштата и фирмите. Уште еден важен предизвик е обучувањето на учениците со знаење и практични вештини кои ќе ги направат конкурентни на пазарот на трудот за да можат поедноставно да го најдат своето место во општеството и при вработување. 

– Горан Гроздановски, професор по туризам и угостителство, средно стручно училиште „Лазар Танев“ од Скопје, Македонија. 

Во наредните месеци очекуваме да слушнеме размислувања од други наставници од целиот Западен Балкан, со што ќе имаме подобра претстава за предизвиците кои постојат во решавањето на проблемот на невработеност на младите, и да помогнеме во развивањето дискусија околу можните решенија во стручното образование.

Кажете ни и Вие што мислите!