Извадок од извештајот „From the Society for Education and Training newsletter InTuition“ кој неодамна го објави Националната фондација за истражување во образованието и кој потенцира како би требало да изгледа техничкото и стручно образование, и како тоа може да се разбере и примени. Што би можеле да научиме од него? 

Важноста од техничко и стручно образование е предмет на многу дебати. Институциите како што се Организацијата за економска соработка и развој (OECD) и Асоцијацијата на колеџи (AoC) долго време се залагаа за подобрувања во овие важни области на образование и обука, укажувајќи дека негирањето на овие работи ќе значи изложување на британската продуктивност и конкурентност на меѓународен ризик. 

Но предмет на дискусија и понатаму е како би требало да изгледа техничкото образование. Имаме малку истражувањата кои ставаат акцент на формата која треба да ја има образованието, и тенденциите се повеќе истата да ја дефинираат во контекст на стручното образование а не како посебен ентитет. 

ШТО СЕ ПОДРАЗБИРА ПОД ДОБРО УЧЕЊЕ И НАСТАВА? 
Извештајот на Националната фондација за истражување во образованието насловен како „A Review of Technical Education“, објавен при крајот на 2015 година, разгледува што би значело да се има добро учење и настава во оваа област, и притоа потенцира повеќе клучни точки. Според извештајот, доброто стручно и техничко образование споделува клучни карактеристики со другите форми на квалитетно учење и настава. Тоа, меѓу другото, треба да вклучува стимулативно и учење со цел; култура на стремеж и постигнувања; опкружување кое го поттикнува учењето; соодветна поддршка во учењето како и интерактивни пристапи кон учењето. Освен што треба да бидат отворени кон иновативни пристапи, наставниците исто така треба да имаат одлично познавање на предметот и доверба во своите способности тоа да им го пренесат на учениците. 

Сепак, она што беше навистина клучно е важноста за ставање во контекст на наставата и учењето во одредено поле на работа или занимање на кое е ставен акцент при учењето. Ова значи дека содржината на наставата и пристапите во учењето треба да го поддржуваат ставањето во други контекст на она што било научено – во она поле на работа кое ќе го избере ученикот. Литературата исто така вели дека стручното и техничко учење бара таква редоследност на учењето која ќе им овозможи на оние кои учат поедноставно да ги обработат информации. Учесниците имаа најмногу корист ако им предаваат луѓе кои комбинираат стручна со педагошка експертиза, во опкружување кое е стандардно за таа дејност. 

КАКО ИЗГЛЕДА МОДЕЛОТ 
Имајќи го ова предвид, Националната фондација изготви модел кој е прикажан во вид на слоевит дијаграм (види линкот до извештајот подолу) за да покаже на кој начин техничката настава и учење можат подобро да се разберат и применат. Во центарот на овие слоеви е ученикот како главен реципиент и корисник на наставата и учењето. Потоа следниот слој ги прикажува генералните карактеристики и својства на квалитетното учење кои се стекнуваат во средното образование на ученикот за да се обезбеди подоцнежно напредување кон поспецијализирано техничко или стручно учење. Ова подразбира персонализиран и флексибилен пристап кон учењето, користење на иновативни пристапи; воспоставување добар однос помеѓу ученикот и наставникот како и стимулативно опкружување. Надворешниот слој ги прикажува конкретните карактеристики на техничкото и стручно образование и тоа аспектите како што се исполнување на различните потреби на учениците; пристап до простории и ресурси кои се индустриски стандард; контекстуализација; редоследност на учењето; пракса и ангажирање на работодавачот. Учениците треба да се во можност да видат на кој начин она што го учат има влијание врз развојот на вештините за работно место и да зацртаат јасни патишта кон учењето на повисоко ниво.

ЗАЕДНИЦА НА ПРАКСА 
Извештајот заклучува дека колеџите за понатамошно образование, како едни од главните даватели на техничко образование, се во најдобра можност да обезбедат понатамошен развој. За таа цел, според нив, Асоцијацијата на колеџи може да направи преглед на своите членки за да види колку капацитет има за реализирање на техничкото образование на нивоа 3, 4 и 5, и да споделува добри пракси во оваа област. Организацијата исто така треба да ги предводи дискусиите за континуиран професионален развој на вработените со цел тие да имаат најнови знаења и вештини во нивните области. Во извештајот понатаму се дека „од суштинска важност е наставниците и/ или институциите да имаат време да воспостават и одржуваат тековни релации со асоцијации на дејности и работодавачи. Ова ќе им овозможи на наставниците и обучувачите да бидат дел од заедницата на пракса во која педагогијата се вклопува со праксите на работно место“. Исто така, неопходно е да се создаде подетално разбирање за наставата и учењето во техничкото образование со цел да му се помогне на образовниот сектор во „справувањето со растечкиот предизвик на техничко образование“. 

Тами МекКроун (Tami McCrone), виш истражувач при Националната Фондација за истражување во образованието и еден од авторите на извештајот. 

Асоцијацијата на колеџи побара од Националната фондација за истражување во образованието да направи брза литературна проценка за да ги идентификува клучните карактеристики и основните елементи на настава и учење во техничкото и стручно образование. Ваквата проценка беше реализирана во периодот јули-септември 2015 год.

Дополнителни страници