Во голем дел од Обединетото кралство се гледаат длабоки промени кај стручното образование, со нови стандарди за стажирање, давачки за многу работодавачи и воведување на нови стручни квалификации за младите. Директорот за политики во Федерацијата за индустриски секторски вештини и стандарди, Ана Кавила, објаснува како нејзината организација помага да се обезбедат информации и заштита за сите чинители.

Се чини дека стручното образование и обука постојано се менува. Понудувачите на обуки и работодавачите имаат многу работа со:

  • новите стандарди за стажирање
  • воведувањето на давачката за стажирање на работодавачите, и
  • новите терцијарни квалификации (Т-ниво) кои ќе бидат онлајн во 2019

Меѓутоа, дел од основите не се менуваат – комуникацијата меѓу работодавачите и понудувачите на обука останува од витално значење. За работодавачите е едноставно – тие обично имаат две прашања:

  • дали оваа обука е соодветна за моите работници? 
  • како да следам што се случува?

Но, не секогаш е можно ниту пожелно понудувачите на обуки да одговорат на овие прашања.

Секторските тела за вештини и натаму се вклучени во развивањето, дизајнот и испораката на реформираната стажантска програма во Англија. Тие се основа за формални дискусии помеѓу многу работодавачи и понудувачи на обуки. Тие работат со нив на новите Групи предводници и се грижат новите стандарди за стажирање да ги одразуваат, кога е можно, Националните стандарди на занимања. Ова ги помага трансферабилноста и преносливоста на вработените. Тие може да помогнат со одговарање на првото прашање.

Со воведувањето на давачката за стажирање за поголемите работодавачи и очекуваното коинвестирање на 10 проценти од оние што не ја плаќаат оваа давачка, работодавачите бараат обуки и сакаат да бидат слушнати. Работодавачите сега активно купуваат обуки и оценување од реформираната програма за стажирање, што дополнително ја усложнува ситуацијата.

Со ова се поставуваат поинакви прашања:

  1. Која организација е најдобра за ефективно да ги оцени моите стажанти? 
  2. Дали тие соработуваат со понудувачот на обуки што го претпочитам?
  3. Колку често организираат центри за оценување или нудат оценување на локално ниво?
  4. Како да знам дали имаат компетентен, квалификуван персонал што ја разбира мојата индустрија?

Во ОК е формирано ново професионално тело, Еснаф на оценувачи, (The Assessors Guild), што е професионално тело на оценувачите. Неговата цел е оценувањето и оценувачите на сите обуки да ги достигнат високите стандарди што ги очекуваат учениците и работодавачите. Ова е тело со членство што ќе се погрижи неговите членови да бидат компетентни во својата работа, со што се обезбедува стандардизација во ОК.

Второто прашање за тоа каква обука се нуди може да се одговори со користење на ACE360. Тоа е безбеден склад за податоци што поврзува заедно многу извори на податоци и нуди уникатни пребарувања во зависност од корисникот. Така, работодавачот може да го следи напредокот на својот стажант, без оглед на содржината што се изучува.

Иако проблемот со ефективно вклучување на работодавачите останува горливо прашање, Федерацијата за индустриски секторски вештини и стандарди (преку мрежата на секторски тела за вештини, Еснафот на оценувачи и ACE360) е уверена дека може да им помогне на понудувачите на обуки и работодавачите да го минат овој период на промени за да испорачаат квалитетна обука и строго оценување.

Дополнителни страници