Метрополитен колеџот во Белфаст, Северна Ирска, има долга историја на иновативни програми дизајнирани со работодавачите. Глен Мекмахон ја објаснува успешната програмата Осигурена академија, со пример за соработка со „Делоит“, голема финансиска и комерцијална консултантска фирма.

Програмата Осигурени вештини е заедничка иницијатива меѓу Министерството за економија на Северна Ирска и Invest Northern Ireland. Од почетокот во 2010 г., со неа се промовирани вкупно 5,371 работни места. Откако сите работни места ќе бидат пополнети, ќе се создадат дополнителни 141 милион фунти во економијата на Северна Ирска.

Програмата сака да ги увери потенцијалните инвеститори и постоечките работодавачи што размислуваат за проширување дека вештините што им се потребни за бизнис што се развива може да ги најдат во Северна Ирска.

Со „Академскиот модел“ на Осигурени вештини, кога компанија или конзорциум на компании имаат потреба од одредени вештини, Министерството за економија ќе ја разгледа можноста да финансира развивање на персонализирана краткорочна програма за обука, од Центарот за економски развој и социјална инклузија (CEDSI) за да се задоволи таа потреба. Ова обично значи специјална програма за обука пред вработување од осум до десет недели што ја дизајнира и спроведува CEDSI. Содржината е така направена да се намали ризикот на компаниите при регрутирање така што ќе се понудат кандидати обучени со конкретните вештини потребни за достапните работни места, а во исто време ќе се збогати наставната програма за да се задоволат потребите на индустријата.

ДОСЕГА КОЛЕЏОТ ВО БЕЛФАСТ:

  • соработуваше со повеќе од 30 компании
  • најде вработување за повеќе од 800 ученици
  • покажа дека учениците од програмата имаат просечна плата од 21.000 фунти.  

ОПФАТЕНИ ИНДУСТРИСКИ ОБЛАСТИ:

  • Анализа на податоци
  • 2Д анимација
  • развивање, инженерство и тестирање на софтвер
  • развивање видео игри
  • финансиска технологија
  • човечки капитал
  • сајбер безбедност
  • технологии на „облак“.

„Делоит“ и Белфаст колеџ

Пример за видот на програма што се развива е соработката со „Делоит“, големата финансиска и комерцијална консултантска фирма. Дваесет завршени ученици ги очекува кариера во компанијата во новите области како роботичко автоматизирање на процеси и визуелизација на податоци.

По успешното завршување на програмата за обука пред вработување на првата Академија за роботичка автоматизација и визуелизација на податоци, учениците беа на интервју во „Делоит“ и се вработија во компанијата.

Спроведен на колеџот и финансиран од Министерството за економија на Северна Ирска, 11-неделниот курс на „Делоит“ за Осигурени вештини за роботика имаше за цел да им понуди на учениците со диплома од било која дисциплина можност да градат кариера во овие иновативни и модерни области. Таа помага учениците да се стекнат со вештините потребни за да им се подобри вработливоста, а во исто време да се зголеми потенцијалната продуктивност и раст на компаниите.

Колин Маунстивен, менаџер во „Делоит“, изјави: „Клучно за амбициозните планови за раст на „Делоит“ во Северна Ирска е во нашиот бизнис да вклучиме луѓе кои се на чело на новата техонологија. Поконкретно, сфативме дека има значителни можности за кои се потребни вештини за роботика и визуализација на податоци и затоа дизајнираме специјална академија за овие области. Возбудливо е да се градат тимови со овие вештини и со нетрпение очекуваме да ни се придружат лица што ќе градат одлична кариера кај нас.“

„Делоит“ работи во партнерство со Министерството за економија за други академии за трансформација, финансии и технологија како и за Компјутерски „облаци“ за учениците да ги стекнат клучните вештини во овој сектор. По успешното завршување на овој курс пред вработување, кандидатите ќе одат на интервју за вработување во „Делоит“.

Дополнителни страници