Иако постојат разлики меѓу Модерно стажантство во Шкотска и стажантството во останатиот дел од Обединетото кралство, клучот за успехот се уште е во ефективното партнерство меѓу работодавачите и понудувачите на обука. Тука ќе видиме како колеџот Глазгов соработува со голем ферибот оператор за да постигне долгорочен успех.

Водечка тема на Стратегијата за учење и настава на колеџот Глазгов е Моделот на индустриска академија. Тој ја препознава потребата од поголема усогласеност меѓу образовната понуда и потребите на работодавачите. Моделот се грижи колеџот да користи наставна програма фокусирана на вработливоста, со што ќе се добијат вештините и знаењата што им се потребни на работодавачите, а учениците ќе добијат поддршка при вработувањето.

Истражувањето на Одборот за обука на трговската морнарица и на Сојузот за железнички и поморски сообраќај (2014) го потенцира проблемот со возрасниот персонал што работи на британските бродови. Каледонијан Мекбрејн (КалМак) потврди дека ова е проблем за планирање на идните услуги, па склучи партнерство со колеџот за да се надминат утврдените недостатоци кај вештините и да се поддржат талентите во индустријата.

Колеџот е единствениот шкотски понудувач на обуки што може да ги испорача сите обуки за поморство и угостителство под еден покрив. Тој ги исполни барањата на КалМак за рентабилна локализирана обука. Како единствен колеџ во Шкотска што нуди иновативно модерно стажантство за  Посада, техничари и угостителство, овие програми се прв од овој вид што ја зајакнуваат базата на поморски вештини во Шкотска и нудат нови таленти.

Доналд Мекилоп, менаџер за развој на малопродажба во КалМак, изјави: „Модерното стажантство е добредојдена новина во можностите за обука што ги нудиме на младите“.

Преку нивната соработка колеџот и КалМак се погрижија комбинацијата од теорија и пракса да ги задоволи потребите од вештини на КалМак, а во исто време се посветени на проодност и развој на учениците. Оваа соработка, исто така, овозможува и искуство од учење во колеџ и на море, затоа што оценувачите одат на бродовите да ги набљудуваат стажантите во нивното работно опкружување. Стажантите се стекнуваат со низа академски и професионални квалификации што ќе им ги отворат патот кон повисоки работни места, како што се развиваат нивните вештини и искуство.

Како резултат на програмата за стажирање КалМак добива компетентен, мотивиран кадар со полно работно време, регрутиран од заедниците што КалМак ги опслужува и обучен во Шкотска. Со зголемената популарност на бродовите за крстарење, чартер бродовите и фериботите на крајбрежјето на ОК, овие програми нудат специфична и вредна ниша за индустријата во подем.  

* Модерно стажантство важи само во Шкотска, но е еквивалент на стажантството во остатокот од Обединетото кралство.

Дополнителни страници