Еден од најголемите предизвици со кои се соочуваат колеџите и понудувачите на обуки е нивните програми и квалификации да ги задоволуваат потребите за вештини на локалните работодавачи. Сепак, не е секогаш едноставно да се поврзат доволно работодавачи со нивните локални колеџи. Директорот на Фабриката за вештини на Црна земја, Колин Паркер, води програма што ќе осигура дека работодавачите ги имаат потребните програми за вештини и ќе им помогне на понудувачите на обуки подобро да разберат кои се бараните вештини.

Црна земја е област северозападно од Бирмингем, што се протега од Вулверхемптон до Волсол, и беше во срцето на Британската индустриска револуција во 19. век. Тука и натаму се наоѓаат многу мали фирми, како и некои поголеми. 

Како и кај многу иновации, најуспешни се оние наједноставните. Предизвик за многу компании од Црна земја е тоа што тие се премногу мали за да воспостават свои сеопфатни програми за обука што на вработените ќе им ги дадат вештините потребни за успех. 

Што е Фабрика за вештини на Црна земја?

Партнерството со локалните претпријатија во Црна земја беше формирано за да им се помогне на фирмите да просперираат во регионот. Тоа опфаќа работодавачи, колеџи, универзитети и локалните избрани совети. Фабриката за вештини е една од неговите иницијативи, чија цел е да се реши недостигот на вештини во пет приоритетни области: 

  • Напредно производство (ХВМ), вклучувајќи храна и пијалаци
  • Транспортни технологии, вклучувајќи и патување во вселената 
  • Градежништво, вклучувајќи градежни технологии
  • Еколошки технологии
  • Деловни услуги 

Едноставно кажано, ова е можност работодавачите да соработуваат заедно за да ги искористат предностите на економиите на обем- курсевите се исплатливи бидејќи групи фирми можат да обезбедат доволен број, што не би можеле да го направат сами. Така, може да се договорат за курсеви за доквалификација во регионот, а може и да даваат независни совети за понудувачи за стажантство и финансирање. 

Што прави Фабриката за вештини?    

Главните активности на фабриката се:                                                                                                                                                 
1. Доквалификација на постоечката работна сила

Фабриката за вештини соработува со локални понудувачи на обука и колеџи за да понуди обемна програма со мали курсеви за доквалификација за широка лепеза на технички вештини како и обука за акредитирано управување и водство специјално направена за секторот.   

Исто така, ги упатуваат соодветните кандидати на двегодишната забрзана обука за Производствено инженерство на Универзитетот Вулверхемптон. 

2. Зголемување на бројот на мали и средни претпријатија што примаат стажанти за инженерство
 
                                 
Фабриката за вештини ги поддржува работодавачите кои сакаат да примат стажанти така што им нуди непристрасен совет и информации што им овозможува да ги насочи фирмите кон соодветни локални колеџи или понудувачи на обуки според нивните потреби. 

3. Соработка на училиштата со фирмите

Фабриката за вештини раководи со две програми што ги поврзуваат фирмите и училиштата, едната е Претприемничка советодавна мрежа, што координира мрежа од искусни, бизнис советници, волонтери, со средни училишта во Црна земја. Целта е да им се помогне на училиштата подобро да го разберат и да му пристапат на бизнисот како дел од Кариерно образование, совети и насоки за учениците. Фабриката за вештини, исто така, има за цел да го зголеми бројот на млади луѓе кои размислуваат за производство како кариера со менување на нивните гледишта за производствениот сектор и со информирање за можностите за кариера преку иновативните кариерни ресурси Произведи ја иднината.
                                       
Логично решение

Иако Фабриката за вештини добива поддршка од Партнерството со локални претпријатија и може да договара субвенционирани програми за обука,  таа не е понудувач на обуки. Нејзина силна страна е тоа што може да ги наведе партнерите да соработуваат и да се погрижи програмите што ги нудат колеџите, приватните понудувачи на обука и универзитетите да се релевантни за потребите на локалните работодавачи. Ова покажува дека ако ги споите работодавачите и понудувачите на обуки, многу може да се постигне. 

Дополнителни информации

Дополнителни страници