Shakespeare Lives беше едногодишна програма на настани и активности во 2016 година, со кои се славеа делата на Вилијам Шекспир на 400 годишнината од неговата смрт. Програмата беше водена од Британскиот совет и кампањата „GREAT Britain” и го славеше Шекпир како драмски писател за сите луѓе и за сите нации. Повеќе од 140 земји учествуваа во прославата, нудејќи доживувања на Шекспир преку филмски проекции, изложби, изведби, активности во училиштата, заедно со единствена програма на онлајн соработка. 

Во Македонија работевме со ученици и наставници од осум средни училишта и со студенти и професори од неколку факултети и универзитети на обука за наставници, училиштни активности и студентиски дебати инспирирани од делата на Шекспир. Организиравме мини фестивал „Шекспир на филм“ со пет одбрани филмски екранизации во соработка со Британскиот филмски институт. Подготвивме дваесет кратки инспиративни видеа со познати лица од Македонија кои може да ги разгледате на нашиот видео канал во делот #ShakespeareLives #PlayYourPart.

Онлајн материјалите подготвени како дел од програмата Shakespeare Lives остануваат достапни. Тука се вклучени иновативни кратки филмови инспирирани од Шекспир, дигитални платформи што овозможуваат создавање ремикси од неговите драми и едукативни материјали за училишта и ученици по англиски јазик од сите возрасти, во Обединетото Кралство и ширум светот.

Откријте повеќе за Shakespeare Lives и истражете ги сите материјали на shakespearelives.org.

Придружете се на глобалниот разговор на социјалните медиуми со #ShakespeareLives

Дополнителни страници