Третиот филм од нашите современи обработки на делата на Шекспир е адаптацијата на првиот чин, втората сцена од Јулиј Цезар. Филмот го прикажува Брут и неговите заговори за убиството на Јулиј Цезар.

Филмот е во режија на Педро Мартин-Калеро, а главните улоги ги толкуваат Марк Стенли (познат по неговата улога во Игра на Тронови) во улога на Брут и Тони Особа како Јулиј Цезар. 

За колекцијата филмови ,,Shakespeare Lives"

Оваа година Британски совет издаде серија на филмови користејќи ги делата на Шекспир како инспирација за дел од програмата Shakespeare Lives 2016; нова глобална програма која ги слави делата на Шекспир и неговото влијание на културата, образованието и општеството на 400 годишнината од неговата смрт.

Дополнителни страници