Media freedom

Поддршка за поголема независност на медиумите во Западниот Балкан е регионален проект, финансиран од Владата на Велика Британија. Проектот ќе ги поддржи локалните (и националните) независни медиуми да станат повеќе ориентирани кон публиката и финансиски одржливи преку: подобрување на организациските капацитети и капацитетите за деловен развој; зајакнување на односите помеѓу граѓаните и медиумите; и преку создавање на платформа за граѓанско известување. Оваа поддршка ќе им овозможи на медиумските мрежи да им обезбедат на граѓаните широк спектар на медиумски содржини и на тој начин ќе поттикне отворена, информирана и активна дискусија помеѓу целната публика во шесте земји од Западен Балкан (Албанија, БиХ, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија).

Проектот е реализиран од конзорциум предводен од Британскиот совет во партнерство со Балканската мрежа за истражувачко известување (БИРН), Фондацијата Томсон и ИНТРАК (Меѓународен центар за обука и истражување на НВО).

Поддршката за медиумите има две компоненти: уредничка и деловна. БИРН обезбедува обука и менторство засновано врз ангажирано граѓанско известување (ECR), дигитална алатка, која овозможува двонасочна комуникација помеѓу редакциите и нивната публика. Фондацијата Томсон се фокусира на зајакнување на одржливоста на медиумите и ИНТРАК обезбедува поддршка на капацитетите за следење, оценување и учење (MEL) и обезбедување на квалитет.

Овој проект започна во септември 2019 година и ќе трае до март 2022 година.

За повеќе информации во врска со проектот, можете да се обратите до Британскиот совет на IskraAndreeva.Aleksoska@britishcouncil.org