Three people sitting around a low table

Преку педесет медиуми од Западен Балкан ја користат онлајн платформата за да ја прашаат својата публика кои теми ја интересираат, но и да побараат документи, сведочења или други докази, со цел да известуваат за прашања кои се од интерес за нивните заедници.

Приказните беа од најразлични теми, разгледувајќи ги предизвиците на учењето од дома за време на пандемијата, еколошки прашања како што се загадување, управување со отпад и климатските промени, сообраќајни проблеми, бродови за крстарење и прашања од областа на медицината. Користејќи ја алатката за известување со вклучување на граѓаните (ECR), медиумите беа во можност докрај да ги проследат приказните, да поставуваат прашања и да бараат решенија за локални проблеми. Во некои случаи, приказната истражувана од локален медиум потоа беше преземена и покриена од поголем регионален или национален медиум, достигнувајќи поголема публика.

Во продолжение следи избор на теми покриени од медиумите во регионот.

Албанија

Инфо Елбасани“ („Info Elbasani“) ја употреби алатката за известување со вклучување на граѓаните (ECR) за да испита нелегална сеча , како и проблемите со управувањето со отпадот во областа. Тие ја продолжија почетната приказна преку разговор со различни извори, повикувајќи се на Актот за слободен пристап до информации и спроведувајќи интервјуа со службеници. Тие веќе се сведоци на реакција на нивните приказни, бидејќи општината Грамш постави канти за отпадоци во руралните и туристичките области.

Покрај употребата на алатката за известување со вклучување на граѓаните (ECR), медиумите исто така користат фокус групи за да соберат предлози за приказни од интерес. „Историа Име“ („Historia Ime“) објави приказна за првата лезбиска двојка која родија близнаци во Албанија и нивната борба со правниот систем да ги регистрираат бебињата. 

Босна и Херцеговина

Алатката за известување со вклучување на граѓаните (ECR) е одличен начин за поврзување со локалната заедница, без оглед на причината. „Visoko.co.ba“ ја користеше оваа алатка за да креира прашалник за друг проект, имплементиран во соработка со Центарот за промоција на граѓанското општество – ЦПГО (Centar za promociju civilnog društva – CPCD) поддржан од Владата на Шведска. Прашалникот е поврзан со еколошките проблеми во областа. 

Косово

„ГрачаницаОнлајн“ („GracanicaOnline“) ја употреби алатката за известување со вклучување на граѓаните (ECR) за да добие подетални информации од граѓаните за тоа како тие се погодени од индустрискиот отпад од Кишница, лоцирана веднаш до Грачаница. Фокусот беше на тоа како некогашните земјоделски полиња влијаеле врз здравјето и благосостојбата на граѓаните.

„ГрачаницаОнлајн“ продолжи да комуницира со граѓаните на тема загадување на животната средина, тесно поврзувајќи го загадувањето со нивното здравје. Високото ниво на загадување на воздухот во Косово имаше штетно влијание на пациентите заразени со КОВИД-19, особено оние кои страдаат од пневмонија. За темата за загадување на животната средина беше дискутирано на регионално ниво со низа експерти, но се разгледуваа и начини како да се подобри ситуацијата. „ГрачаницаОнлајн“ беше дел од оваа дебата и изготви две видеа што ја покриваат дискусијата.

Написите се на српски јазик.

„РОМТЕГРА“ („ROMTEGRA“) го одбележа 8 април, Меѓународниот ден на Ромите со вклучување на граѓаните и различни личности во дискусијата за тоа дали овој ден треба да се одбележи со прослава или протест. „РОМТЕГРА“ ја употреби алатката за известување со вклучување на граѓаните (ECR) за да собере податоци од граѓаните во Косово и Албанија и да ги прикаже на телевизиската програма што ја изготви за пренесување на дебатата. Програмата е на ромски јазик.

Црна Гора

„Бока Њуз“ („Boka News“) интензивно ја користеше алатката за известување со вклучување на граѓаните (ECR) за да покрие различни приказни од интерес за својата публика. Спроведе истражување за влијанието на бродовите за крстарење и сугерираше начини за создавање одржливи пристапи кон туризмот, обнова и грижа за камените ѕидови за заштита на архитектонското наследство, ставовите на граѓаните за вакцинацијата против Ковид-19 и слично. Со објавувањето на овие написи, тие ја подигнаа свесноста за проблеми со кои се соочуваат локалните општини Тиват и Котор и крајбрежјето.

Приказната за оштетените ѕидови беше покриена од националните телевизиски вести на РТЦГ и ова дополнително ја покрена свеста за ова прашање. Со повеќе придонеси од граѓаните, споделување фотографии и видеа, „Бока Њуз“ успеа да продолжи да известува на оваа тема и да добие одговор од локалната власт за ситуацијата.

„Оногост“ („Onogost“) објави три приказни во врска со сообраќајните проблеми во Никшиќ. Тие користеа прашалник за да побараат од своите граѓани да ги објаснат проблемите со кои се соочуваат. Во втората приказна тие пишуваат за ставот на општината за проблемот, додека во третиот напис предлагаат можни решенија.

Северна Македонија

„Куманово Њуз“ („Kumanovo News“) ги истражуваше нелегалните депонии за отпад во североисточниот регион на Северна Македонија. Написот нуди анализа на ситуацијата и вклучува инфографици, како и фотографии што граѓаните ги испратија преку прашалникот. Во написот исто така се содржани и решенијата за управување со отпад кои ги предложија граѓаните. 

Србија

„Нова економија“ („Nova ekonomija“) ја употреби алатката за известување со вклучување на граѓаните (ECR) за да ги истражи предизвиците на онлајн наставата во време на пандемијата од различни перспективи. Во овие написи тие се фокусираа на проблемите со кои се соочуваат децата со попреченост. Поголемиот дел од родителите и наставниците се согласуваат дека ваквиот метод на настава не е добро прилагоден на нивните потреби и дека им недостасува материјал за учење. Ова предизвика дополнителен товар врз семејствата на тие деца.