Тековната состојба создаде многу предизвици за универзитетите ширум светот. Затоа организираме серија на онлајн сесии кои ќе им овозможат на македонските и британските универзитети да ги споделат своите искуства, како и примери на најдобри практики. Од бесплатни курсеви преку Интернет за студенти до сесии во живо на кои се дискутира за иднината на учењето преку Интернет, ви и нудимеобразовните искуства на Велика Британија, кои се од светска класа.