Free online courses from UK universities

За да успеете на работното место денес веќе не може да се потпирате само на формалното образование. Затоа станавме партнери со FutureLearn за да имате шанса да се пријавите на бесплатни курсеви на интернет од некои од најдобрите универзитети во Велика Британија. 

Со пријавувањето на некој од стотината курсеви, ќе можете да искусите како е да се студира на универзитет во Велика Британија и ќе можете да добиете електронски сертификат како признание за вашата напорна работа. Како дел од оваа програма:

  • ќе добиете неограничен пристап до курсевите
  • ќе можете да ги поминете курсевите со ваше темпо
  • ќе може да ги користите материјалите во секое време.                                                                                                                                      

КАКО ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ

За да се пријавите, треба само да ја посетите платформата на FutureLearn и да одберете еден од понудените курсеви од Велика Британија. Пријавете се за курсот пред 5 февруари 2021.