Имаме мал Ресурсен центар со книги што може да им помогнат на наставниците и на учениците подобро да се подготват за меѓународните испити по англиски јазик (ИЕЛТС, CPE, CAE, FCE, PET, KET) и книги за општите вештини што се тестираат (слушање, читање, пишување, говорење).

Поседуваме и колекција од книги за наставници наменети за подобрување на нивните методолошки вештини на часовите по англиски јазик.

Зачленување

Чланство Како да се пријавите Што добивате
 
  • Писмо од институцијата вклучувајќи и имиња на 3 лица што имаат право да позајмуваат материјали
 
ИНСТИТУЦИОНАЛНО
  • 1000, 00 денари (во готово или на нашата сметка 300000001838574 во Комерцијална банка)
  • 2 книги или комплети книги/материјали за обука на ДВД за период од две недели.
 
  • Лична карта или пасош
  • Не е дозволено продолжување.
 
  • Писмо од работодавач со кое се потврдува статусот на наставник
 

ПОЕДИНЕЧНО
Наставници по англиски јазик, кандидати за испитите од Кембриџ и ИЕЛТС

  • 500, 00 денари (во готово или на нашата сметка 300000001838574 во Комерцијална банка)
 
 
  • Лична карта или пасош
 

Нашите правила за членство

  1. Членството трае до 1 јули 2017 година. 
  2. Материјалите може да ги позајмуваат само членови (со нивната членска карта и со лична карта), а враќањето може да го изврши и друго лице. Членовите што не живеат во Скопје може да назначат друго лице кое би позајмувало материјали во нивно име, но тоа лице треба да ја покаже членската карта и личната карта на членот.
  3. Материјалите што се издадени може да се резервираат. Резервацијата може да се направи лично или преку е-пошта. Кога резервирате наведете го насловот на книгата и авторот или насловот на видеото или нивниот бар-код броj.
  4. Книгите може да се позајмуваат за период од две недели, без можност за продолжување.
  5. Задоцнетото враќање се наплаќа со 15 денари по книга, 30 денари за ДВД или за комплет книги.
  6. Членовите се одговорни за изгубени/оштетени книги и касети и видеоматеријали. Во случај на оштетување/губење на материјалите, губењето се наплаќа според каталошката цена плус 10% манипулативен трошок. Вака се наплаќа и кога книгите се оштетени.
  7. Невраќањето или незаменувањето на книгите и видеоматеријалите во рок од 12 недели ќе резултира со губење на членството.

Нашиот Ресурсен центар е отворен три дена во неделата, понеделник и среда од 15 до 17.30 часот и во петок од 10 до 13 часот.