Поминете го летото со Британски совет - можност за стручно усовршување со посебна летна понуда за онлајн обуки

Нудиме онлајн обуки за наставници по пониски цени до 20 август 2016 за наставниците во Македонија.

Може да се пријавите за следниве курсеви користејќи го следниот промотивен код: GL-SASUMMER-002

Овде може да најдете повеќе информации за нашата летна понуда.

Комуникативен пристап во оценувањето: обука за самостојно учење

Оваа кратка 20-часовна онлајн обука за самостојно учење е наменета за наставници по англиски кои се заинтересирани да ги истражуваат новите пристапи на оценување и тестирање. 

Стандардна цена: £60

Намалена цена: £40

Дознајте повеќе за обуката и пријавете се.

Користење на технологијата во настава - за наставници кои предаваат деловен англиски

Оваа обука за самостојно учење е наменета за нови и за искусни наставници кои предаваат деловен англиски. Обуката се фокусира на видовите алатки кои можат да ја унапредат наставата, што ќе доведе до видливи педагошки резултати.

Сите 10 теми стандардно чинат £90

Намалена цена: £50

Дознајте повеќе за обуката и пријавете се

Користење на технологијата во настава 

Оваа обука за самостојно учење се фокусира на основната употреба на новите технологии во наставата. Темите се однесуваат на користење на интернет, безбедноста на учениците на интернет, користење на апликациите MS Office, видео и аудио материјали и користење на социјалните мрежи и други веб технологии за образовни цели.

"Стандардна цена за сите 30 теми - £270,

намалена цена £140"

(или може да се пријавите за индивидуални модули за £10 по модул)

Дознајте повеќе и пријавете се

Обука за посебни образовни потреби

Покрај наставниците кои работат со деца со посебни потреби, овој курс за самостојно учење е наменет и за наставници по англиски и за предметни наставници кои држат настава на англиски јазик во основните и средните училишта.

"Стандардна цена за сите теми - £100,

намалена цена £60"

или може да се пријавите за индивидуални модули за £12 по модул

Дознајте повеќе и пријавете се

Работилници за наставници по англиски

Секоја работилница ви нуди увид во главните концепти и практични совети за наставните техники и наставната методологија. Темите се:

  • Техники за совладување и оценување на вештината пишување (3 онлајн работилници)
  • Граматика ( 3 онлајн работилници)
  • Стилови на учење (2 онлајн работилници)
  • Усовршување на рефлективните вештини (2 онлајн работилници)

Цена по работилница - £6 

Дознајте повеќе и пријавете се

Уживајте во летото со обуките на Британски совет