Создаден од Универзитетот во Саутемптон и Британски совет, овој курс минатата година го полагале 120 000 луѓе ширум светот.
96% од минатогодишните учесници би го препорачале овој курс.
Придружете се на курсот за да ги разберете клучните концепти за ефикасно учење и подучување јазици. Ќе се запознаете со најновите идеи, истражувања и практики за учење и подучување.
Курсот се одржува електронски, така што можете да пристапите било кога и од било каде. Времетраењето на курсот е отприлика 3 часа неделно, во период од 4 недели.
Курсот почнува на 19 октомври (можете да се приклучите на курсот иако е веќе започнат), а ќе заврши на 15 ноември.