Водич за вклучување на работодавачите

Водичот за вклучување на работодавачите“ го изработивме за да им помогнеме на компаниите да воспостават квалитетни партнерства со стручните училишта и да можат да изнајдат најдобри начини за соработка. Овој практичен водич го изработивме за да ви помогнеме вам и на образовниот сектор низ Западен Балкан да ги подготвите младите луѓе да стекнат знаење и вештини кои ќе одговараат на потребите на вашиот бизнис. 

Водичот содржи широк спектар на идеи добиени од реални примери, како од Западен Балкан, така и од Обединетото Кралство. Тој ќе ви покаже како успешно функционира соработката со работодавачите и како таа позитивно влијае врз вештините кои ги стекнале учениците што, всушност, им се потребни на работодавачите во реалниот живот. Се надеваме дека водичот ќе ви биде од корист и дека ќе ви понуди доволно идеи и информации со кои ќе можете позитивно да влијаете и да го обликувате образовниот сектор.

Водичот е изработен со поддршка од Министерството за надворешни работи на Велика Британија, во рамките на проектот „Вклучување на работодавачите и реформа на стручното образование и обука во Западен Балкан“.

За дополнителни информации за нашата работа во сферата на стручното образование и обука, контактирајте ја нашата колешка Светлана Нефтенова.

Можеби ќе бидете заинтересирани и за нашето онлајн-списание Vocational Education Exchange што се фокусира на стручното образование во Западен Балкан и во Обединетото Кралство.