Постојат образовни агенти, консултанти и советници кои можат да ви помогнат во запишувањето на универзитетски студии, колеџ или училиште во Британија.

Тие може да ви помогнат да одберете институција и да се запишете, како и да ви дадат совети за добивање на виза, сместување, патување и сл.

Не мора да имате агент или советник за да се запишете на студии во Велика Британија, но ако сакате, можете да го најдете преку базата на податоци на обучени агенти на Британски совет.