Британскиот совет нуди меѓународни можности за луѓето од Обединетото Кралство и од други земји и гради доверба меѓу нив низ целиот свет. Свесни сме за влијанието на нашето работење и на нашите активности врз животната средина. Исто така, свесни сме за заканата од климатските промени за просперитетот, социјалната правда и квалитетот на животот. Поради тоа, посветени сме на управувањето и минимизирањето на нашето влијание врз животната средина.
Посветени сме на задоволување на британските и на меѓународните стандарди за регулирање на нашето влијание врз животната средина. Нашите шест главни канцеларии во Обединетото Кралство се покриени со формален Систем за управување со животната средина и имаат добиено сертификат ИСО14001. Принципите на управувањето со животната средина се регулираат преку нашата рамковна алатка за животната средина, која е вклучена во нашата глобална мрежа.
Имаме развиено 5-годишен план на одржливи активности со цел да ги опфатиме прашањата за животната средина во сè што работиме.