Партнерството со нас може да подразбира од едноставно спонзорирање на настан до долгорочна соработка. Здружувањето на силите со Британскиот совет, на нашите партнери им носи опипливи придобивки. Контактирајте нè за да дознаете повеќе.

Причини за партнерство со нас

Пристап до нашата глобална мрежа

Веќе 80 години ги коваме врските помеѓу Обединетото Кралство и другите земји.

Тоа ни овозможува да изградиме силни врски со владини лидери, креатори на политики, високи советници и со широката јавност.

Нашата работа се протега во образованието, општеството и уметностите и можеме да ве поврземе со светски мрежи на вештини во секоја од овие области.

Нашите активности и изложеност често одат надвор од границите на земјата, овозможувајќи им на нашите партнери да ги подигнат своите активности на меѓународно ниво.

Нашето глобално влијание

Ги поврзуваме луѓето низ целиот свет со учење и креативни идеи за градење заемно корисни односи помеѓу луѓето во Обединетото Кралство и во остатокот од светот. Ако вашата компанија или организација има политики за градење врски во Македонија преку поддршка за образованието или иновативни програми за општествена одговорност, Британскиот совет може да ви помогне.

Имаме големо искуство на светско ниво, а во периодот помеѓу 2011 и 2013:

  • Имаме работено со 15390 владини, деловни и општествени лидери низ целиот свет;
  • 19,8 милиони луѓе присуствувале на нашите настани;
  • Имаме 427000 виши наставници и професори;
  • 190000 волонтери учествувале во нашата младинска работа и работата во граѓанското општество, а 294000 ученици добиле 1,3 милиони часови во нашите училишта за англиски јазик.

Анимирање нова публика

Дали постои публика до која може да допрете со помош на Британскиот совет?

Станете партнер на Британскиот совет и можеме да ви помогнеме да допрете до заедничката целна публика, како што се студентите или младите професионалци. Кога спонзорирате настан, изложба или програма преку Британскиот совет, ќе имате корист од нашата целокупна  инфраструктура со комплетен онлајн и офлајн маркетинг и стручност. Им помагаме на компании, од авиопревозници до банки, ефективно да ги промовираат своите производи и услуги.

Подобрете го вашето трговско име

Трговската марка на Британскиот совет има стекнато доверба низ целиот свет и го претставува најдоброто што може да го понуди Обединетото Кралство. Веќе 80 години им помагаме на луѓето и на организациите од целиот свет.

Нашето име се базира на вреднување на луѓето, интегритетот, заемноста, креативноста и професионализмот. Овие вредности се во основата на сите наши активности.

Без разлика дали барате спонзор, ко-бренд или сакате да станете официјален партнер, на вашето трговско име можеме да му додадеме вредност. Преку разни настани, онлајн кампањи и социјалните медиуми можеме да го промовираме вашето трговско име на национално и на меѓународно ниво.

Постигнете ги вашите цели за корпоративна општествена одговорност

Можеме да ја дополниме вашата стручност во водење општествено одговорни програми за да ви помогнеме да ги постигнете вашите цели за корпоративна општествена одговорност. Преку развивањето и промовирањето програма за градење врски и прифаќање од вработените, ќе имате улога на целосен партнер и ќе се осигуриме дека вашите напори се ефективни.

Важни елементи на нашите партнерства за корпоративна општествена одговорност се ангажирањето и мотивирањето на вработените во рамки на нашите партнерски компании.

Вработените што се вклучени во нашите активности за  корпоративна општествена одговорност често пати го изјавуваат силното чувство „дека возвраќаат нешто“ и ѝ припаѓаат на општествено одговорна организација. Со нашето име кое буди доверба низ целиот свет, можеме да го промовираме и вашиот профил на компанија со корпоративна општествена одговорност, како на национално така и на меѓународно ниво.