Британскиот совет во Македонија организира повеќе професионални и универзитетски испити што им овозможуваат на младите стручњаци да ја развијат и да ја подобрат својата кариера. Овие меѓународно признаени испити често се незаобиколно барање на компаниите и институциите за новите и за постојните вработени.

Ако сакате да полагате на универзитет, институт или колеџ во Обединетото Кралство, да ги завршите вашите студии или дополнително да го надградите вашето знаење, Британскиот совет Македонија ви нуди извонредна можност да го постигнете тоа. Како официјално и овластено тело во Македонија, Британскиот совет е образовна врска помеѓу Македонија и Обединетото Кралство.

In this section