Велика Британија секоја година прима повеќе од 400.000 меѓународни студенти во високото образование, а очигледно е и зошто е тоа така.

Рангирани на врвот на светските листи, универзитетите од Велика Британија имаат репутација дека ги развиваат токму вештините кои ги бараат работодавачите. Не станува збор само за посетување на часови - ќе бидете активно вклучени во комуникација со тутори преку семинари, дискусии и практична настава. Ова ќе ви помогне да развиете критички начин на размислување, креативност и самодоверба. 

Паралелно со придобивките од академската традиција на светски најпознатите универзитети, ќе имате пристап и до најсовремени работни простории како резултат на британската репутација за првокласни истражувања. Британското образование истотака ќе ви помогне  да го подобрите знаењето на англискиот јазик и самодовербата при негово користење, вештина која е високо ценета од страна на работодавачите низ целиот свет. 

Која и да е причината поради која сте тука, дали сте на дипломски или постдипломски студии, интернат или колеџ, ќе учите во безбедна мултикултурна средина. Ќе имате поддршка за време на студиите, бидејќи сите британски институции нудат поддршка и услуги кои може да ги користите. Истотака, ви се нуди и културна авантура, од музички фестивали и фудбалски натпревари, до антички замоци и богат ноќен живот.

Со пониски цени од Австралија и САД и курсеви кои траат од три години па нагоре, можете да доживеете студентско искуство кое ќе ви го промени животот, сигурни во тоа дека добивате добра вредност за вашите пари.  

Дознајте повеќе за британското образование на Study UK: Discover You