Applying for study in the UK
Applying for study in the UK

Ако сакате да дознаете што е важно кога се запишувате на универзитет или колеџ во Велика Британија, посетете ја веб страницата на Сервисот за пријавување на универзитети и колеџи (Universities and Colleges Admissions Service - UCAS).

UCAS обезбедува ефикасен систем за прием и пријавување на студенти во високото образование во Велика Британија. Тука се опслужуваат универзитети, училишта, колеџи и потенцијални студенти кои сакаат да се пријават на универзитет и колеџ во Велика Британија за додипломски и последипломски студии.

СОВЕТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА СТУДИИ

Овој сервис нуди  информативни видеа, почнувајќи од подготовка на лична изјава, барање на препораки, до пополнување на информации за претходно образование и вработување. Ви препорачуваме две видеа на теми:

- совети од образовни експерти при пријавување за студии во Велика Британија

- како да ја пополните пријавата за запишување на универзитет или колеџ

 

Дознајте повеќе на веб страницата на Сервисот за пријавување на универзитети и колеџи (UCAS).

Ако сè уште имате прашања за процесот за пријавување за студии во Велика Британија, пишете нѝ или разгледајте ја нашата веб страница.

Дополнителни страници