Scholarships and funding
Scholarships and funding image

Стипендии, грантови, финансиска помош, финансиски награди, заеми... постојат голем број можности за финансиска поддршка за меѓународни студенти кои сакаат да учат во Обединетото Кралство. 

Може да ги пребарувате стипендиите во Обединетото Кралство и да дознаете повеќе на интернет-страницата за стипендии и финансиска поддршка во рамките на интернет-страницата образование во Обединетото Кралство.

Ако сте заинтересирани за стипендијата Чивнинг, повеќе информации ќе најдете на нивната страница Chevening.

Образование во Обединетото Кралство, стипендии и финансирање

Посетете ја нашата интернет-страница посветена на образованието во Обединетото Кралство за да најдете стипендии за широкиот спектар курсеви и нивоа на учење. Исто така, ќе најдете и информации за надоместоците за курсевите и за тоа колку би ве чинело образованието во Обединетото Кралство.

Дигитрон за меѓународни студенти

Дигитронот за меѓународни студенти ќе ви помогне да утврдите како да управувате со вашите пари и да направите буџет за живеење и учење во Обединетото Кралство. Бесплатен е и лесен за користење!