Вашиот утрешен успех започнува денес

Само минатата година над два милиона  луѓе полагаа испити преку Британскиот совет. Во повеќе од 90 земји во светот нудиме широк спектар испити: од тестови по англиски јазик за училишта, па сѐ до училишни и деловни квалификации. Поврзуваме луѓе од академската и од деловната средина ширум светот нудејќи  можности за учење и за остварување на идеи.

Инфографик - проверете кој тест/испит одговара на вашите потреби.

Дополнителни датуми за полагање Аптис

Поради зголемен интерес за тестирање и добивање сертификат за познавање англиски јазик за пријавување на работни места во јавната администрација, Британски совет нуди дополнителни датуми за полагање Аптис. Аптис е еден од признаените јазични тестови по англиски јазик во Законот за административни службеници.

Тестот чини 1,550 денари. Резултатите се издаваат веднаш по завршување на тестирањето. За повеќе информации пишете ни на exams@britishcouncil.org.mk или јавете ни се на 02/3135 035 лок.2110.

Во овој дел