Ако сакате да ги подобрите можните перспективи во кариерата, можеме да ви помогнеме да полагате меѓународно признати испити кои би помогнале во вашиот професионален развој.
КАКО ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ ЗА ПРОФЕСИОНАЛНА КВАЛИФИКАЦИЈА?
Се пријавувате на официјалната страница на испитното тело.
Откако ќе се пријавите:
• Испитното тело го известува Британскиот совет дека сте пријавени за испитот.
• Испитниот одбор ги потврдува датумите и времето на испитот.
• За повеќето квалификации мора да платите за спроведувањето на испитот и за курирските трошоци. Тоа треба да го потврди испитниот одбор и Канцеларијата на Британскиот совет.
• Локалниот надоместок за спроведување на испитот изнесува 4500 денари по испит/по кандидат (ако не се плаќа директно на испитниот одбор).
• Курирските трошоци зависат од тежината на пакетот и од местото каде што се испраќаат испитните материјали.
Рефундирање
Ако сакате да ја откажете пријавата, средствата ќе ви бидат вратени само ако на администраторот му докажете дека сте биле спречени поради болест, или некој сериозен инцидент. Во тој случај ќе ги платите само курирските трошоци.
Сериозните инциденти опфаќаат:
• Сериозна болест – на пример прием во болница, или сериозна повреда (а не полесни болести, како лесна настинка, на пример)
• Загуба, или денови на жалост (смрт на близок член на семејството)
• Повреда/траума (жртва на криминал, жртва на сообраќајна несреќа)
• Воена обврска
Доказите за болест, или за сериозен инцидент мора да се обезбедат најдоцна 5 дена од датумот на тестот. Ве молиме да го пополните формуларот на крајот од оваа страница за да побарате повраток на средства (ако уплатата била направена директно на сметка на Британски совет) или да побарате префрлување во друга сесија. Пополнетиот формулар испратете ни го по електронска пошта (info@britishcouncil.org.mk).