Во моментов нема слободни места во Британскиот совет.

Работењето за Британскиот совет ви нуди единствена можност да се здобиете со искуство и да развиете вештини во една модерна организација која брзо се менува и која има влијание во целиот свет. Работните места во Британскиот совет будат разновидност, иницијатива и креативност во стимулативно и поддржувачко опкружување.

Какви се подолгорочните перспективи за кариера?

Ќе бидете охрабрени да управувате со вашата кариера. Какви и да се вашата област и ниво на работа, работата во Британскиот совет е единствена можност за развивање високопреносливи вештини што ќе ви послужат дури и ако имате намера да излезете од организацијата во догледно време.

Услови на службата

На успешните кандидати им се нуди работно место со договор со фиксни услови. Траењето на договорот е во зависност од природата на работното место што се пополнува. Погледнете го профилот на улогата на слободната работна позиција за да дознаете повеќе за конкретните услови на објавеното работно место.

Волонтирање и стажирање

Нудиме можности за волонтирање и за стажирање на студенти и други заинтересирани лица што сакаат да развијат професионални вештини и да се здобијат со работно искуство во Британскиот совет. Ве молиме да нè контактирате за повеќе информации.

Еднакви можности

Британски совет е е посветен на политиката за еднаквост, разноликост и инклузија и прифаќаме апликации од припадниците на сите општествени групи. Работиме на начин луѓето да не се дискриминираат по било кој основ, како возраст, посебни потреби, етничка припадност, пол, религија, верување или сексуална ориентација.

Заштита на деца

Нашите правила за заштита на децата се задолжителни за сите вработени во Британски совет. Работиме на начин да ги заштитиме децата. Апликантите ќе бидат проверени дали се погодни за работа со деца.

Приватност

Сите пријави ќе се третираат во согласност со нашата политика за приватност која е достапна на интернет.