КРАЕН РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: 16 февруари 2018 | 13.00 часот 

Ако сте наставник по англиски јазик надвор од ВБ, може да аплицирате за стипендиите на образовната фондација А. С. Хорнби, што се доделуваат секоја година за Мастер по настава по англиски јазик (ЕЛТ) на Универзитетот Ворик. Стипендијата важи за студии во периодот од октомври 2018 до септември 2019 година. 

Стипендијата ги покрива сите трошоци во ВБ, како што е месечен надоместок за трошоци за сместување и живот, школарина, и повратен авионски билет, трошоци за виза и тест ИЕЛТС.

КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА?

Соодветните кандидати мора да имаат најмалку двегодишно искуство во настава по англиски јазик со полно работно време и универзитетска диплома. Кандидатите, исто така, треба да го имаат и нивото на англиски јазик што го бара универзитетот. Тоа обично се оценува според ИЕЛТС - на научниците им е потребен севкупен резултат од 6,5, резултатот да не е помал од 6,0 во сите категории и 6,5 за пишување. Стипендиите Хорнби имаат за цел да ги поддржат искусните наставници по англиски јазик кои имаат потенцијал да дадат значителен придонес во иднина во наставата по англиски јазик и за наставниците во нивните земји. 

ПРОЦЕС НА СЕЛЕКЦИЈА

Кандидатите се избираат во процес од четири фази. Во првата фаза, се оценува квалитетот на формуларот со кој се аплицира. Во втората фаза, одбраните кандидатите се повикуваат на интервју во канцеларијата на Британски совет во нивната земја. Во третата фаза, одбраните кандидати аплицираат на универзитетот. Во четвртата фаза, универзитетот го прифаќа успешниот кандидат. Во оваа фаза се потврдува доделувањето на стипендијата со кандидатот. 

КАКО ДА АПЛИЦИРАТЕ?

Ако сте заинтересирани да аплицирате за стипендијата Хорнби, посетете го нашиот глобален вебсајт TeachingEnglish, каде што ќе најдете повеќе информации и документот „Информации за кандидати за стипендијата Хорнби“. Соберете ги сите информации наведени во документот пред да почнете со пополнување на формуларот на интернет, бидејќи не можете да ја оставите апликацијата на средина од пополнувањето и да ја довршите друг пат. 

Дополнителни страници