Овој дел содржи информации за:

  • приватност, колачиња, заштита на податоци, и слобода на информациите
  • услови за користење на сите страници на Британски совет, достапност и информации за поднесување приговор
  • детали за политиките до кои Британски совет се придржува

Овие информации се ажурираат одвреме-навреме. Оваа содржина последен пат беше ажурирана на 22 декември 2014 година.

Приватност и колачиња

ПРИВАТНОСТ

Законскиот и коректниот третман на личните информации се важни за нашето успешно работење и за одржувањето на довербата кај оние со кои работите. Како таква, оваа изјава се однесува  подеднакво на сите наши канцеларии без оглед на тоа каде се наоѓаат. 

Прочитајте ги нашите целосни политики за приватност на англиски јазик.

ПОЛИТИКА НА КОЛАЧИЊА

Нашата страница користи колачиња за да ве издвои од другите корисници на нашата интернет-страница без да складира какви било лични информации за вас. Тоа ни помага да ви овозможиме добро искуство кога пребарувате по нашата страница и ни овозможува да ја подобриме. 

Прочитајте ја нашата целокупна политика за користење колачиња на англиски јазик.

ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИ

Дознајте како ги заштитуваме вашите информации и како може да побарате пристап до информациите кои ги чуваме за вас.

Прочитајте ја целосната политика за заштита на податоци на англиски јазик.

СЛОБОДА НА ИНФОРМАЦИИТЕ

Британскиот совет се гордее со барањето нови и отворени начини за ангажирање во светската заедница. За да изградиме интегритет и доверба, важно е да поставиме пример преку пошироко отворање на нашите организации кон светот. 

Прочитајте ги нашите целосни политики за слободата на информациите на англиски јазик.

Услови за користење на оваа страница

Британскиот совет има утврдено конкретни упатства за тоа како може да ја користите оваа страница. Овде ќе најдете информации за начинот на кој е дизајнирана оваа страница за да биде достапна за сите. Исто така, ќе најдете информации за нашата политика за колачиња и детали за тоа како да поднесете приговор.

УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ

Британскиот совет има услови за користење на оваа страница и на линковите кон и од оваа страница. 

Нашите целосни услови можете да ги прочитате на англиски јазик.

ДОСТАПНОСТ

Вложивме максимални напори за да ја направиме www.britishcouncil.mk едноставна за користење од кого било, без разлика на тоа кој пребарувач ќе одберете да го користите и без разлика дали користите некоја посебна опрема за пристап. 

Може да прочитате повеќе во врска со мерките за достапност на страницата на Британскиот совет, на англиски јазик.

ПОДНЕСЕТЕ ПРИГОВОР

Го почитуваме вашето мислење. Се надеваме дека вашето искуство во работата со Британскиот совет е одлично и вашите коментари, предлози и детали за вашето задоволство или незадоволство од услугите што сте ги користеле при контактите со нас или во користењето на нашите продукти или услуги се добредојдени. Исто така, би сакале да слушнеме ако одреден вработен ви понудил исклучителна услуга. 

Нашите целосни политики за поднесување приговор може да ги прочитате на англиски јазик.

Политики

Како организација за односи во областа на културата, Британскиот совет има политики со кои се објаснуваат начините на кои се однесуваме за да ја заштитиме приватноста, децата, животната средина како и начинот на кој обезбедуваме слобода на информациите и еднакви можности.

ПОЛИТИКИ ЗА ЗАШТИТА НА ДЕЦАТА

Британскиот совет е со став дека имаме основна должност да се грижиме за сите деца што ги ангажираме, вклучувајќи и должност да ги штитиме од злоупотреба. Ова го постигнуваме преку усогласеност со британските закони за заштита на децата и соодветните закони во секоја од земјите во кои работиме, како и преку придржување кон Конвенцијата на Обединетите нации за правата на детето од 1989 година. 

Нашите целосни политики за заштита на децата може да ги прочитате на англиски јазик.

ПОЛИТИКИ ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Британскиот совет е посветен на исполнувањето на британските и на меѓународните стандарди за управување со нашето влијание врз животната средина. Свесни сме за влијанието на нашите деловни операции и активности врз животната средина, а свесни сме и за заканата на климатските промени за просперитетот, социјалната правда и квалитетот на животот. Поради тоа сме посветени на управување и минимизирање на нашето влијание врз животната средина.

Нашите целосни политики за животната средина може да прочитате на англиски јазик.

ЕДНАКВОСТ, РАЗЛИЧНОСТ И ИНКЛУЗИЈА

Британскиот совет создава меѓународни можности за луѓето од Обединетото Кралство и од другите земји и гради доверба меѓу нив на светско ниво. Нашата работа опфаќа развивање врски со луѓе од различно потекло и од различни култури. Поради тоа, ефективното работење со разновидноста и промовирањето на еднаквоста на можностите е основен дел од нашата работа.

Нашите целосни политики може да ги прочитате на англиски и да дознаете на кој начин ги градиме еднаквите можности и разновидноста во нашите програми и проекти и кого може да контактирате за повеќе информации.