Глобални награди за настава по англиски јазик  

ELTons наградите ги наградуваат најоригиналните курсеви, публикации, проекти, апликации и платформи коишто изнаоѓаат нови начини да им се помогне на учениците и наставниците по англиски јазик низ целиот свет да ги остварат своите цели. 

На наградите, исто така, им се оддава признание и на организациите, тимовите и поединците чиишто оригинални пристапи помагаат во оформувањето на идниот процес на предавање и учење на англискиот јазик.  

КАТЕГОРИИ НА НАГРАДИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ 

  1. Врвен квалитет на иновација во курс – Курсеви коишто користат нови разни содржини, формати или медиуми за да им помогнат на учениците да ги подобрат нивоата на познавање на англискиот јазик.  
  2. Иновација во ресурсите за професорите – Ресурси со коишто се поддржуваат професионалните професори по англиски јазик, преку обука на професорите, образование, или постојан професионален развој. 
  3. Иновација во ресурсите за учениците – Услуги, активности, материјали или работи коишто користат иновативни средства за подобрување на познавањето на англискиот јазик на учениците во однос на вокабуларот, граматиката, течното говорење, рецептивните и продуктивните вештини или клучните јазични вештини за учење, живеење и/или работење.  
  4. Дигитална иновација – Користење на дигитална технологија или медиуми – најнови технологии, или оригинално користење на постојната технологија со цел обезбедување висококвалитетно учење на англискиот јазик.  
  5. Локална иновација (во партнерство со Cambridge Assessment English) – Иновативни ресурси или проекти чијашто цел е исполнување на конкретни локални потреби, во локален, национален или регионален контекст во целиот свет. 

Доставете ја вашата апликација пред петок, 8 ноември 2019 година. Посетете ја нашата English Agenda веб страница за детални упатства и насоки за аплицирање.