Online teaching resources
Online teaching resources image

Бесплатни ресурси за наставата по англиски јазик

Ако сте наставник по англиски јазик или работите во оваа област, Британски совет ви нуди многу бесплатни ресурси кои ќе ви помогнат во вашата работа.

Може да симнете: бесплатни подготвени наставни часови, материјали и активности, професионални статии; да добиете совети за наставата и информации за професионално усовршување, за планирани конференции и видови квалификации. Може да се вклучите и во групи во кои се водат дискусии поврзани со наставата и да имате пристап до материјали за обука.

Посетете ја веб-страницата TeachingEnglish за повеќе ресурси и материјали.

 

Подготвени наставни тематски единици

Нашите готови наставни часови изобилуваат со серија активности кои веднаш може да ги искористите на час. Дадена ви е и процедурата како да го реализирате часот и материјали за копирање. Ако сте наставник по англиски јазик на кој му требаат материјали за наставата, Британски совет може да ви помигне со редовно ажурираната дата база на подготвени наставни часови и материјали.

Дознајте повеќе за готовите часови.

Ресурси за наставници

Ако сте наставник по англиски јазик и сте презафатени со вашата работа, или пак сте обучувач на кој му е потребна поддршка и материјали кои ќе помогнат во подобрување на наставниот процес, може да ви помогнеме со нашата колекција бесплатни материјали на веб-страницата на Британски совет наменета за наставници.

Дознајте повеќе за нашите ресурси.

TeachingEnglish - Стручни статии за наставници

Ако сте наставник по англиски јазик којшто сака подобро да ја разбере методологијата и праксата во наставата, во делот со стручните статии ќе најдете редовно ажурирани  текстови подоготвени од искусни наставници и стручни лица од областа на англсикиот јазик.

Прочитајте ги нашите TeachingEnglish статии.

Подготвени активности и вежби

Ако сте наставник по англиски јазик на кој му се потребни готови активности и вежби за наставата, тука сме да ви помогнеме. Симнете ги веднаш и искористете ги во наставата. Дата базата на вежби редовно ја ажурираме. Затоа, посетувајте нè почесто.  

Повеќе информации за готовите активности и вежби 

Литературата како дел од наставата по англиски јазик

Ако барате материјали за да предавате литература во наставата по англиски јазик, може да ви помогнеме со текстови, вежби и аудио материјали. Дознајте повеќе за нашите ресурси за користење на литературата во училницата.

Апликации за учење англиски со помош на таблет

LearnEnglish Kids: Приказни за ученици (школска едиција)е апликација базирана на приказни која ќе им помогне на учениците да научат да читаат и да зборуваат. Во секоја приказна се разработуваат фонетски гласови, проследени со игри и речник. Прирачникот за наставници нуди стручни совети за тоа како апликацијата да се користи во наставата.

Симнете ја апликацијата од Apple App Store (само за iPad).

Обуки за наставници

Британски совет нуди низа обуки за наставници кои покриваат области од основното и средното образование, од технологии кои се користат во наставата и од многу други предмети. Дознајте повеќе за обуките за наставници