Learn English websites ©

Mat Wright, British Council Photos

Дигиталните ресурси Learn English на Британски совет се веќе дел од наставната програма по англиски јазик од 1 до 9 одделение и се достапни на 1473 наставници по англиски јазик и на 200,000 ученици од основните училишта. Ова се должи на  заедничкиот проект помеѓу Бирото за развој на образование и Британски совет со цел да одговориме на владините приоритети за модернизација на наставниот процес во Македонија.

Проектот се реализираше во две фази – во првата, квалификувани наставници прибираа дигитални содржини од веб страницата на Британски совет „Учиме англиски за деца“ соодветни на наставните програми од I – V одделение. Во втората, прибраните содржини  од  веб-страниците „Учиме англиски за деца“ и „Учиме англиски за тинејџери“ беа соодветни за наставните програми од VI – IX одделение. Од двете фази произлегоа прирачници кои веќе им се достапни на сите наставници по англиски јазик во основните училишта. За сите беше спроведена обука како да ги користат веб-страниците, прирачниците и понудените активности. До сега, и двете страници имаат повеќе од 70,000 посетители.

Придобивките од овој проект се огромни не само за наставниците, туку и за учениците кои ќе бидат помотивирани да го изучуваат англискиот јазик преку песни, игри, приказни и други активности.

Спроведените анкети покажаа дека и наставниците и учениците се задоволни од проектот:

„Многу им се допаѓа ваквиот начин на работа. Ги сакаат видеата, песните и игрите. Сега се многу позаинтересирани. Дури и мрзливите ученици повеќе сакаат да го учат јазикот“

„Начинот на моето предавање се промени – сега веќе не морам да смислувам сопствени активности, а тоа ми овозможува повеќе да се фокусирам на квалитетот на часовите. Учениците веќе се независни и секако имаат поголема самодоверба“

Прирачниците  може да ги симнете од оваа страница.

Дознајте повеќе за нашата работа во областа на англискиот јазик.