Ригорозните системи кои го контролираат квалитетот на студиите овозможуваат вашето искуство да биде со ист висок стандард како она на студентите во Велика Британија.
Советот за контрола на учењето на далечина (Open and Distance Learning Quality Council - ODLQC) поставува стандарди за вонредни студии. Советот редовно ги следи давателите на овие програми за да осигура дека тие обезбедуваат добра услуга. Може да ја посетите страницата на Советот за контрола на учењето на далечина на која има листа и детали за образовните институции кои тие ги оцениле.
За сите високо образовни нивоа кои се учат како вонредни студии, британските универзитети обезбедуваат целосна информација за стекнатиот степен на образование и уверение за постигнатите резултати за време на студирањето. Дипломата и уверението ги содржат сите информации за тоа што, каде и како сте студирале. Тие ги содржат сите потребни информации кои би ви ги побарале работодавачите или професионалните тела.