Британскиот совет е меѓународна организација од Обединетото Кралство за културни врски и образовни можности.
Ние градиме пријателство и разбирање помеѓу луѓето од Обединетото Кралство и другите земји.
Ова го правиме преку позитивен придонес во Обединетото Кралство и земјите со кои работиме - менуваме животи преку создавање на можности, градиме врски и доверба.
Работиме во повеќе од 100 земји ширум светот на полето на уметноста и културата, англискиот јазик, образованието и граѓанското општество.
Секоја година допираме директно до повеќе од 20 милиони луѓе и до повеќе од 500 милиони луѓе онлајн, преку емитувања и публикации.
Основани во 1934 година, ние сме јавна организација од Обединетото Кралство уредена преку Кралска повелба.
Во Македонија сме присутни од 1996 година. Секоја година допираме до илјадници студенти, наставници, креатори на политики, професори, истражувачи, креативци и претприемачи во Македонија.