Британскиот совет создава можности на меѓународно ниво за луѓето од Обединетото Кралство и од други земји и гради доверба меѓу нив ширум светот. Ние веруваме дека за да се обезбеди добра заштита на децата, потребно е секој да преземе одговорност. Свесни сме за тоа дека негата и благосостојбата на децата се од огромно значење и дека сите деца имаат право на еднаква заштита од сите видови злоупотреба.
Британскиот совет е свесен дека имаме фундаментална должност да се грижиме за сите деца со кои стапуваме во контакт, како и должност да ги штитиме од злоупотреба. Ова го постигнуваме со почитување на законите за заштита на децата во Обединетото Кралство и релевантните закони во секоја од земјите во кои работиме, како и придржување кон Конвенцијата за правата на децата на Обединетите нации од 1989 година.
Детето во Британскиот совет се дефинира како кое било лице што не наполнило 18 години (УНЦРЦ 1989), без оглед на возраста на созревање во земјата каде што се наоѓа детето, односно од каде што потекнува. Оваа политика е задолжителна за целокупниот персонал на Британскиот совет ширум светот. Овде се вклучени сите коишто работат за Британскиот совет без оглед на тоа дали се платени за таквата работа или не се, дали работат со целосно или со скратено работно време. Директно се вклучуваат вработените лице, поверениците, изведувачите, агенцискиот персонал, консултантите, доброволците, стажантите и сите лица коишто работат во име на Британскиот совет.
Британскиот совет се залага за:
- Вреднување, почитување и слушање на децата
- Водење сметка за тоа дека се извршени сите потребни проверки при вработување на персонал
- Усвојување на системите и постапките за заштита на децата, за потребите на вработените
- Обезбедување заедничко разбирање на прашањата поврзани со заштитата на децата и водење сметка за тоа дека овие прашања влијаат на планирањето и практиките на персоналот
- Споделување информации за заштитата на децата и добрите практики со персоналот, децата и родителите/старателите
- Споделување информации за постоење на проблеми, со агенции кои имаат потреба да знаат и соодветно вклучување на родителите и децата
- Обезбедување ефективен менаџмент за персоналот преку надзор, поддршка и обука.
Британскиот совет врши ревизија на оваа политика на годишно ниво со цел да ги рефлектира сите нови законски и регулативни случувања и да обезбеди добра практика.