3D Secure е овозможено од вашата банка, и е дополнително обезбедување за онлајн трансакции. Најчесто се среќава под термините „Виза верификација“ и „Мастеркард код за безбедност“.
Откако ќе ги внесете податоците од картичката ќе ви се појави нов прозорец од вашата банка. Изгледот може да варира во зависност од банката, прикажувајќи ги следните информации:
Внесете ги потребните информации и кликнете „submit“ за да ја потврдите уплатата.
Доколку не ја знаете вашата лозинка ( или не сте направиле „3D Secure“ подесување) следете ги инструкциите на веб страницата. Доколку не ги гледате инструкциите, или имате некое прашање, контактирајте ја банката за помош.
Доколку вашата банка не може да ви овозможи „3D Secure“, контактирајте го тимот кој го води настанот за кој сакате да се пријавите и да платите, за да принајдете алтернативни начини за плаќање.
Може да има и други причини за неуспешно пријавување. Доколку не знаете зошто вашето пријавување е неуспешно, ве молиме за помош да го контактирате тимот одговорен за настанот за кој сакате да се пријавите и да платите.