Excubitor е нова видео игра на Tesseract Interactive. Оваа акциона игра не навраќа во деновите на Strike Series и Raptor: Call of The Shadows. Во милитаристичка иднина, каде што луѓето ги освоиле и најдалечните делови од вселената, екипажот на  истражувачкиот брод Антарес чека во близина на една рударска колонија се додека не добие повик за помош и поаѓа во набљудувачка мисија. Кога ќе слетате на планетата ќе видите дека колонијата е нападната. Таму ќе мора да се борите со воените машини на човекот, кои сега се под контрола на сетилни суштества со непознато потекло. Како играч, Вие сте пилот на вселенско борбено летало, и сте единствен обучен и способен да ги одбие непријателските сили и да го одбрани Антарес.