Cambridge English test image
Date
Четврток 26 ноември 2015 - 10.00
Локација
Онлајн

Како дел од кампањата за студирање на универзитети во странство, Cambridge English организира вебинар за студенти во четврток на 26 ноември.

Овој вебинар ќе понуди информации за тоа кој од испитите на Cambridge English може да се користи во САД, Велика Британија, Канада и Австралија за запишување на универзитет и за добивање студентска виза. За време на вебинарот студентите ќе имаат можност да поставуваат прашања.

Cambridge English вебинарот ќе се одржи во два термини:

  • претпладне (во 10:00 часот по британско време) и
  • попладне (во 16:00 часот по британско време),

и студентите ќе може да се пријават овде.