Date
Среда 22 June 2016 до Четврток 11 Август 2016

„Си размислувам дека во животот има четири важни работи: религија, љубов, уметност и наука... Од сите нив, науката во овој момент е вистинската работа. Исто како и религијата, науката дава трошка надеж дека на крајот сè можеби ќе биде како што треба.“

Дејмиен Хрст за „Нова религија“ 

Во периодот од 22 јуни до 11 август 2016 година, Музејот на современата уметност во Скопје, во соработка со Галеријата „Пол Столпер“,  ќе биде домаќин на изложбата на Дејмиен Хрст „Нова религија“, на која ќе бидат прикажани графики изработени во ситопечат техника, како и скулптури изработени од Дејмиен Хрст, еден од најважните современи светски визуелни уметници. Отворањето на оваа изложба во Скопје биде прво поголемо презентирање на уметничките дела на Дејмиен Хрст во Македонија.

Изложбата ги истражува сложените односи помеѓу медицината и религијата, како и помеѓу уметноста и религијата, кои повеќе години се централни теми на интерес за Дејмиен Хрст, инаку интригантен и понекогаш контроверзен уметник. Од првото нејзино поставување во Галеријата „Пол Столпер“ во 2005 година, „Нова Религија“ досега е прикажана во Осло, Москва, Венеција, Софија, Лондон и Гдањск.

Споделете на социјални мрежи