Date
Четврток 04 June 2015 - 19.15
Локација
Следете го доделувањето на наградите ЕЛТонс

Дознајте ги овогодинешните новини и иновации во светот на наставата по англиски јазик

Не пропуштајте ја можноста во живо да го проследите доделувањето на наградите за внесување новитети во наставата по англиски јазик. Cambridge English е покровител на единствените меѓународни награди ЕЛТонс што се доделуваат за иновации во наставата. Се наградуваат оние образовни ресурси кои им помагаат на слушателите и наставниците да ги постигнат своите цели.

Гледајте го доделувањето на наградите ЕЛТонс во живо

Следете нè во живо во 19:15 часот во четврток, 4 јуни и дознајте ги победниците на престижните награди ЕЛТонс. Дознајте кој е номиниран за наградите ЕЛТонс за 2015 и како се избрани.

Твитајте со #ELTons2015 и добијте награда

Споделете ваши размислувања или коментари, поставете прашања и споделете искуства на Твитер со #ELTons2015. Најинтересните твитови ќе ја добијат следнава серија публикации за иновативност од Британски совет:

  • Иновации во континуираното професионално усовршување за наставниците по англиски јазик
  • Иновации во образованието и обуката на наставници - почетници
  • Иновации во новите технологии за наставниците по англиски јазик
  • Иновации во наставата по англиски јазик за мигранти и бегалци

Достигнете го врвот во вашата наставничка кариера

Како светски експерти за англиски јазик, ние сме посветени на англискиот јазик и на сите кои го предаваат. Преку нашите обуки за наставници,стручните совети и советитите за реализација на наставата, материјалите и мрежите за поддршка, тука сме да ви помогнеме да станете подобри наставници по англиски јазик. Дознајте повеќе за нашата работа со наставниците по англиски јазик во Македонија.