ELTons 2015 image
Date
Четврток 04 June 2015 - 00.00
Локација
Лондон

Со задоволство ги најавуваме номинациите за ЕЛТонс наградите за оваа година - единствени меѓународни награди кои ја препознаваат и слават иновативноста во наставата по англиски јазик, спонзорирани од Одделот за јазична сертификација на Кембриџ.

И оваа година повторно сме импресионирани од високиот стандард на пријави со кои преку овие награди ќе доделат признание на професионалните англисти кои даваат значаен придонес во различни полиња на англискиот јазик. Номинираните кандидати понудија извонредни пријави од повеќе области, меѓу кои: работа со најмалите ученици, технологија за наставата по англиски јазик, англиски за академски потреби и животни вештини.

Дознајте ги номинираните во следните категории: 

  • Иновативни курсеви
  • Иновативни ресурси за учениците
  • Иновативни наставни ресурси
  • Дигитална иновација
  • Локална иновација
  • Награда од Макмилан за Нови автори

 

Победниците ќе бидат објавени на церемонија во Лондон на 4 јуни 2015 година.