Ако си додипломец, пост-дипломец или млад професионалец кој живее во Македонија, зошто да не учествуваш во нашата наградна игра „English4Employability”? Победникот ќе отпатува во Британија на двонеделен курс по англиски јазик и ќе запознае млади луѓе од цел свет. Сè што треба да направиш е да одговориш на следново едноставно прашање: „Зошто ти е потребен англискиот јазик при вработување?“
Натпреварот на Британски совет „English4Employability” е дел од нашата програма „SEE Into the Future” која на младите од многу земји, вклучувајќи ја и Македонија, им овозможува да ги развијат и подобрат своите вештини за вработување.
Наградната игра „English4Employability” ја организира Британски совет и јазични училишта од Британија.