European Day of Languages image
Date
Понеделник 26 Септември 2016 - 10.00
Локација
Филолошки факултет „Блаже Конески“, Скопје

И оваа година го славиме Европскиот ден на јазиците. Заедно со нашите колеги од мрежата на ЕУНИК подготвивме интересна програма која ја организираме во соработка со Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.

Ние ќе бидеме присутни со наш консултант од канцеларијата од Манчестер, Крис Кејви, кој е одговорен за онлајн обуките што ги нуди Британски совет.

Крис, меѓу другото, ќе зборува за предностите кои Масовните отворени онлајн обуки (МООК) ги носат со себе и ќе се фокусира на учење на јазиците преку културата. Ќе зборува и за палетата на курсеви кои до сега ги имаат посетено повеќе од 1,4 милиoни учесници ширум светот, наменети за лица кои го изучуваат англискиот јазик, но и за оние кои го предаваат јазикот, како на пример

-          Истражи го англискиот: Шекспир

-          Истражи го англискиот: јазик и култура

-          Професионални практики за наставата по англиски јазик

-          Разбирање на ИЕЛТС: техники за полагање тестови по англиски јазик

 

Во прилог, погледнете ја целосната програма на настанот.