IATEFL 2015 online image
Date
Сабота 11 Април 2015 - 08.00 до Вторник 14 Април 2015 - 17.30
Локација
Манчестер

Манчестер онлајн е партнерство на Британски совет и ИАТЕФЛ кое овозможува бесплатно онлајн присуство на настаните од оваа конференција.  

Помогнете ни да го промовираме Манчестер онлајн - споделете ја оваа информација со вашите колеги

Ги каниме наставниците по англиски јазик од сите страни на светот да учествуваат на Манчестер онлајн и во живо да ги следат сесиите од конференцијата ИАТЕФЛ 2015.

Посетете ја интернет страницата на Манчестер онлајн и бидете дел од еден од најголемите настани за англисти оваа година.

Погледнете ја официјалната програма на конференцијата за да видите што ќе се случува во Манчестер од 11 до 14 април. Страницата Манчестер онлајн ќе биде активна од петок, 10 април.

Оваа година во живо ќе може да се следат пленарни сесии и видео интервјуа и работилници - сите со пренос во живо од конференцијата. 

Минатата година конференцијата ја следеа повеќе од 80,000 наставници од 170 држави - оваа година би сакале да има повеќе.

 

Се надеваме дека ќе бидете во можност да ни се придружите онлајн на ИАТЕФЛ конференцијата оваа година.

За сите новости од Манчестер онлајн следете нè на твитер @iateflonline #IATEFL