Date
Вторник 28 Јули 2020 - 18.00 до Среда 26 Август 2020 - 19.30

Како одговор на пандемијата соковид-19, Британскиот совет го трансформираше фестивалот за иновации и интеракција помеѓу уметноста и технологијата PlayUK. Следниве месеци, со обезбедување бесплатен пристап до возбудлива комбинација на онлајн содржини, PlayUK се сели на интернет продолжувајќи да се фокусира на индустријата за игри во Велика Британија.

PlayUK 2020 е серија дигитални настани во живо, отворени за сите да учат за сцената во Велика Британија и да се поврзат со професионалци од индустријата за игри. Во текот на следните пет месеци, ние ќе продуцираме неделни видеосодржини, како и месечни сесии во живо на кои ќе може да се вклучи секој што има интерес во индустријата за игри и креативната економија.

Нашата следна сесија во живо е со наслов „Духови, острови и галеби“ и ќе се фокусира на приспособување на видеоигра. Во оваа сесија, Мона ќе разговара за тоа како да се адаптира видеоигра како перформанс во живо, кои се предизвиците и можностите за работа со физички и дигитални простори и тела, како и за времето во Шкотска. Препорака е пред ова да се игра видеоиграта „Dear Esther“ (ако веќе не сте ја играле) бидејќи поголемиот дел од сесијата ќе се фокусира на адаптирање на одредени опкружувања на играта, на механиката, звуците и наративите.

Запознајте ја нашата говорничка, Мона Боздог!

Мона е дизајнерка и предавачка на Универзитетот Абертај. По образование е сценарист и драматург, но за време на нејзините докторски студии се фасцинира од потенцијалот кој го нуди вкрстувањето најразлични дисциплини (видеоигри и современи перформанси). Нејзиниот докторат бил соработка помеѓу Универзитетот Абертај, Кралскиот конзерваториум на Шкотска и Националниот театар на Шкотска. Нејзиното истражување се заснова на практики и се фокусира на приближување на современите практики за изведба и видеоигри, особено на дизајнирање на хибридни форми на раскажување приказни, перформативни игри, мешани реалности и искуства и игри за јавни простори и објекти од културното наследство.