Следете пренос во живо на онлајн дискусијата на тема: „Дали универзитетите ги подготвуваат студентите за нивното идно работно место?“.
Споделете ги вашите размислувања на Гугл+ или на твитер со хаштагот #SeeIntoTheFuture.
Придружете се на нашата иницијатива во источна и јужна Европа и централна Азија која се осврнува на важни прашања за унапредување на вештините, претприемаштвото и вработувањето. Заедно со нашите меѓународни партнери, на едно место ќе собереме претставници од државни институции, универзитети, факултети и стопанството од Казакстан, околните држави и Велика Британија.
Конференцијата „SEE Into the Future“ ќе се одржи во Астана на 18 и 19 ноември 2014 година. Дознајте повеќе за конференцијата и регистрирајте се.
Онлајн прашалник и дискусии
Ако сте студент, сакаме да го слушнеме вашето мислење за тоа на кој начин вашиот факултет или универзитет може и треба да ви помогне за да ја добиете работата која ја посакувате.
Mоже да учествувате на нашите онлајн дискусии кои се планирани на 11 и 12 ноември. Посетете ја оваа Гугл+ страница (ќе мора прво да се регистрирате со вашето корисничко име на Gmail или Гугл+). Ако сте на твитер, споделувајте ги вашите размислувања со хаштагот #SeeintoTheFuture.
Во вторник, 11 ноември со почеток во 12.30 часот ќе зборуваме за улогата на универзитетите во подготовката на студентите за нивните идни кариери и како студентите да се погрижат да бидат подготвени за сите предизвици кои ги очекуваат.
Во среда, 12 ноември од 12.00 часот ќе зборуваме за очекувањата на фирмите од дипломците, како дипломците да се подготват за деловниот свет и дали факултетите помагаат со давање соодветна подготовка.
Придружете им се на студентите од Велика Британија и 15 земји од регионот и споделете го вашето искуство.
Натпревар
Ако сте тукушто дипломирани или сте млад профеионалец и сакате да го унапредите своето познавање на англискиот јазик заради полесно вработување – овој натпревар е за вас. Можете да освоите курс за англиски јазик во Велика Британија во траење од две недели. Натпреварот ќе започне на почетокот од 2015 година.
За повеќе информации, следете го нашиот хаштаг #SeeIntoTheFuture на фејсбук и твитер, како и на оваа страница.