Date
Понеделник 11 Октомври 2021 до Сабота 12 февруари 2022

Од 11 октомври до 12 февруари ќе ни се придружат повеќе од 30 универзитети од  Велика Британија. Можете да резервирате приватни онлајн состаноци со претставници на универзитетот и да присуствувате на вебинари на кои можете да дознаете сѐ што треба да знаете за студирање во Обединетото Кралство.

Дополнително, ќе можете да дознаете за новиот имиграциски процес за доаѓање во Обединетото Кралство, да откриете нови можности за стипендии од вашата влада и институцијата учесник во Обединетото Кралство и да научите повеќе за процесот на пријавување.

Клучни датуми

  • 11-15 октомври 2021 година: StudyUK вебинари: пред да се состанете со универзитетите во Обединетото Кралство, придружете им се за да ги дознаете основите информаци и можностите за стипендии
  • 25 октомври - 3 ноември 2021 година: StudyUK: Онлајн саем на Универзитетите во Обединетото Кралство - десетдневен настан на кој може да резервирате индивидуални состаноци со претставници од универзитетите во Обединетото Кралство, да разговарате за вашите планови и да поставите какви било прашања. Универзитетите, исто така, ќе одржат вебинари за да можете да научите сѐ за студентскиот живот во Обединетото Кралство. Ќе се разговара за: управување со вашиот буџет, животот во Обединетото Кралство, како да се сместите и како да напишете лична изјава.
  • 8-12 февруари 2022 година: StudyUK: Запознајте ги универзитетите во Обединетото Кралство онлајн - ако ги пропуштивте нашите онлајн саеми во октомври и ноември, не грижете се. Ние сме домаќини на петдневен настан за вас и за секој друг што би сакал да постави повеќе прашања до избраниот универзитет. Ќе имате можност да резервирате индивидуални состаноци и да разговарате со претставници од универзитетите во Обединетото Кралство.

Пријавете се сега: https://study-uk-events-we.britishcouncil.org/

Пријавувањето е бесплатно и ќе може да учествуваат студенти од Турција, Казахстан, Узбекистан, Русија, Украина, Израел, Албанија, Ерменија, Азербејџан, Босна и Херцеговина, Грузија, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија.

Кој може да се придружи на овој настан?

Настанот е погоден за ученици од сите нивоа, советници, наставници и родители. Без разлика дали сте:

  • во потрага по вашата диплома (BA) за прв степен или истражувате магистерски (MA) или постдипломски студии
  • патувате перодично или за прв пат сте во странство
  • знаете што сакате да студирате и на кој универзитет сакате да се пријавите, или не знаете од каде да започнете, ова е вашата можност да ги добиете потребните информации, директно од универзитетите и експертите.

Што се случува на настанот?

Откако ќе се пријавитена платформата, ќе можете да:

  • посетувате вебинари за специфични теми и професии и да слушнете за различни додипломски и постдипломски програми
  • резервирате индивидуални онлајн разговори со претставници на универзитетите во Обединетото Кралство
  • дознаете за трошоците за студирање и живот во Обединетото Кралство, вклучувајќи стипендии и други опции за финансирање
  • добиете информации за новите визи за студенти
  • добиете совети како да ја пополните пријавата
  • се запознаете со барањата за познавање на англиски јазик за студирање во Обединетото Кралство
  • ги поставите вашите прашања, да добиете одговори и да започнете со планирање на вашиот студиски престој во Обединетото Кралство.

Како да учествувам?

Само кликнете на копчето за пријавување и пополнете го формуларот со вашите информации, образование и интерес. Ќе добиете потврдна порака за да започнете да ја истражувате платформата и да дознаете повеќе за универзитетите што учествуваат, стипендиите и предметите што ве интересираат.